„Пуштете го на слобода, го чекаат пациенти“: Лекарот обвинет за пожарот во модуларната болница во Тетово пречекан со аплауз


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тетовскиот лекар Бобан Вучевски, кој е обвинет за пожарот во модуларната болница во Тетово, трагедија во која загинаа 14 хоспитализирани лица, со аплауз беше пречекан од пациенти пред судот, каде што се даваа завршни зборови.

Тој се поздрави со некои од нив, кои беа собрани за да побараат слобода за него. Се заблагодари и за поддршката. Десетици граѓани порачаа дека судот треба да донесе ослободителна пресуда, пренесува Макфакс.

„Конечно, време е веќе да се донесе ослободителна пресуда за докторот. Да не доаѓа во овие судници, нему местото му е да биде со пациентите. Затоа, за жал, во нашата држава, најдобрите и најхумани доктори ќе ни ја напуштаат земјата и ќе нема кој да нè лекува. Овој доктор треба да биде награден, а не да доаѓа овде во судниците, затоа што нема никаква вина. Тој колку може – помагал и сè уште им помага на пациентите. Ова е нанесена неправда, тој треба да се награди, а не овде да си го губи времето. Него го чекаат пациенти на кои им дава што е можно најголема помош“, рече жена, која беше на протестот пред судот.

Лице дојдено да го поддржи докторот Бобан Вучевски му посочи на судот дека ако сака да го подобри процентот на доверба – тогаш да размислат за пресудата.

„Грешката е кај Обвинителство, докторот има обврска да ги лекува луѓето, а не да прави прием во модуларна болница, да проверува електрична инсталација, да провери дали панелите од бараките се огноотпорни или помалку запаливи. Вината е кај тој што ја конструирал модуларната болница, а не кај докторот, кој 24 часа им беше достапен на сите граѓани“, додаде друго лице, кое бара ослободување од вина.

Судењето е пред носење пресуда.