Home Шоубизнис „Pump It Up“: Слушнете како рапува Арнолд Шварценегер

„Pump It Up“: Слушнете како рапува Арнолд Шварценегер

Славниот холивудски актер Арнолд Шварценегер на 71 година сними рап песна со австрискиот пејач Андреас Габалиер.

Во песната славниот „терминатор“ ги отпеа стиховите кои сам ги напиша за споменатиот сингл. Неговиот дел има мотивирачка порака која говори дека сите соништа можат да се остварат само ако доволно се трудите, додека Габалиер пее за импресивната кариера на Шварценегер.

„Хеј, јас сум Арнолд Шварценегер и слушај ме добро. Во себе длабоко копај и прашај се кој сакаш да бидеш. Не што, туку кој. Ако веруваш во себе успехот сигурно ќе те следи. Работи јако, верувај во себе и соништата стварност ќе станат“, гласи текстот од Шварценегер во парафразиран превод.

Овој актерско-музички тандем сними и спот за песната, а добар дел од видеото содржи исечоци од животот на Шварценегер кога беше првак во бодибилдинг, но и делови од филмовите во кои глуми како млад, како „The Terminator“.

Има сцени и како Шварци рапува во студио, но и како вежба во Gold’s Gym во Лос Анџелес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …