Пулицерова за Њујорк Тајмс и Њујоркер за откривање на сексуалниот скандал со Харви Вајнстин


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Њујорк тајмс и магазинот Њујоркер заеднички се добитници на престижната Пулицерова награда за известувањето од јавен интерес. Престижното признание овие два медиуми го заслужија со известувањето за холивудскиот скандал во кој филмскиот продуцент Харви Вајнстин беше обвинет за сексуална злоупотреба.

Овие известување го поттикнаа движењето #MeToo против сексуални злоставувања во други дејности.

Одборот за доделување на наградата, ја опиша работата на новинарите кои го разоткрија Вајнстин како „експлозивно, влијателно новинарство што ги разоткри моќните и богати сексуални предатори“.

Њујорк тајмс дели второ место и со Вашингтон Пост за национално известување за наводното руско мешање во претседателските избори во САД од 2016 година и можниот дослух меѓу руските официјални лица и претседателската кампања на Доналд Трамп.

Пулицеровата награда е најпрестижна награда во американското новинарство, основана од новинскиот издавач Џозеф Пулицер, а од 1917 ги доделува Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Британската новинска агенција Ројтерс доби Пулицерова награда за меѓународно известување што ја откри врската меѓу филипинскиот претседател Родриго Дутерте и полициските одреди за убиство како и за фотографии од мигрантската криза на Рохинџа муслиманите, пренесе Ројтерс.