Пуџдемон се повлекува – нема да се кандидира за премиер на Каталонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившиот премиер на Каталонија, Карлес Пуџдемон објави дека се откажува од кандидатурата за премиер на каталонската влада.

Во видео порака Пуџдемон вели:

„Го информирав претседателот на каталонскиот Парламент дека се откажувам времено од кандидатурата за премиер.

 Ако се врати во Шпанија, Пуџдемон ќе биде уапсен бидејќи е обвинет од шпанските власти за поттикнување бунт.

Парламентарната група на неговата партија Заедно за Каталонија го предлага за кандидат за премиер Жорди Санчес, лидер кој е исто така обвинет за бунт и е во шпански затвор.

Пуџдемон се наоѓа во егзил во Белгија.