Првото дете болно од рак чие тело е замрзнато додека не се најде лек за болеста


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


14-годишна Британка која починала од рак, стана првото дете од Британија што е криогенски замрзнато, откако на суд го победила татко си кој бил против нејзината желба да ја разбудат еден ден кога ќе има лек за неа.

Девојчето, чие име не се соопштува, знаело дека има само неколку недели живот, кога напишало трогателно писмо до судија барајќи од него да биде замрзната се додека не се најде лек за болеста.

18N_NEWS LETTER

Британката, опишана како мудра, млада личност, нонстоп истражувала како може да биде замрзната се додека во иднина не се најде лек за ракот. Нејзините родители биле разведени и мајка и ја поддржувала во намерата, а татко и не, заради што случајот бил изнесен пред суд.

Девојчето го молело судијата да и дозволи да биде замрзната. Можеби, изјавила тинејџерката, ќе најдат лек за рак и ќе ме разбудат, тоа е мојата желба.

Таткото пак предупредувал дека ако за 200 години нејзината желба навистина може да биде остварена, таа би се разбудила меѓу непознати, можеби и не би се сеќавала на ништо.

18-11-tinejdzerka-rak-kriogenicki-zamrznato2

Судијата Џексон, сепак, одлучил во полза на девојчето. За одлуката таа била информирана неколку дена пред својата смрт и судијата го нарекла нејзин херој.

Телото на девојчето било замрзнато на -196 степени во институт во Мичиген.