Прво полуфинале во Лига на шампиони: Реал Мадрид – Манчестер Сити 1:1 – видовме два прекрасни гола (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот полуфинален дуел меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити во Лигата на шампионите, кој се играше во Шпанија, заврши нерешено.

Кралскиот клуб поведе со гол на Винисиус во првото полувреме, англискиот тим изедначи преку Де Брујне во вториот дел.

Манчестер Сити подобро го почна натпреварот, момците на Пеп Гвардиола имаа посед на топката и создаваа шанси, имаа неколку обиди по голот на Куртоа кои завршија неуспешено.

Реал Мадрид беше повлечен, се обидуваше од контра напади, и при еден таков брз напад во 36. минута кои го почнаа Камавинга и Модриќ, Винисиус го заврши со прекрасен гол од далечина за водство на кралскиот клуб од 1-0. Со тој резултат заврши првото полувреме.

Во вториот дел ситуацијата беше спротивна, Реал Мадрид тргна поодлучно кон голот на Манчестер Сити, создаде неколку шанси за да го зголеми водството, но се случи спротивното.

Течеше 67. минута од натпреварот кога Де Брујне од далечина искупа силен проектил кон голот на Реал Мадрид, Куртоа беше немоќен. Манчестер Сити израмни на 1-1.

До крајот на натпреварот Реал Мадрид беше поконкретен, Бензема имаше убава шанса со глава, а Чуамени можеше да постигне спектакуларен гол од далечина, но Едерсон одлично бранеше.

Конечниот резултат остана 1-1, пласманот во финалето ќе се решава на Етихад стадионот во Манчестер.