Home Шоубизнис Прво девојче на 54 години: Актерката Бригит Нилсен ја роди малата Фрида

Прво девојче на 54 години: Актерката Бригит Нилсен ја роди малата Фрида

Актерката Бригит Нилсен на 54-годишна возраст по петти пат стана мајка, при што за прв пат во својот живот роди ќерка.

Актерката, модел, пејачка и риалити ѕвезда и нејзиниот 39-годишен сопруг, Матија Деси, споделија дека нивната ќерка, Фрида, се родила во Лос Анџелес и тежи 2.9 килограми. Ова е петтото дете на Бригит, но нејзината прва ќерка.

Ѕвездата беше сопруга на Каспер Виндинг, Силвестер Сталоне, Себастијан Коупленд и Раул Мејер.

Од нејзините бракови и претходни врски, Бриџит Нилсен има четири сина. Најстариот од нив, Џулијан, има 34 години, а најмладиот, Раул Џуниор – 23 години.

Нилсен се омажи со Деси во 2006 година. Таа ја објави својата поодмината бременост, додека на Instagram и Твитер сподели слики покажувајќи ги рацете на нејзиниот отечен стомак.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …