Првите 100 меча на Мурињо во Јунајтед: Еве ја статистиката (фото)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изминатата седмица беше полна со позитивни емоции за менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Најпрво Португалецот го финализираше трансферот на Алексис Санчез, потоа го продолжи договорот со клубот и на крај оствари победи во ФА Купот на мечот кој беше негов 100-ти на кормилото на Манчестер Јунајтед.

Поради тој јубилеј англиските медиуми веднаш направија прецизна статистика која покажа дека тимот остварил 62% победи. Тој показател е вториот најлош во успешната кариера на „Специјалниот“.

Единствено со Интер Мурињо има подобар процент во првите 100 меча и тоа 60%. Во првата сезона со „нероаѕурите“ тој ја освои Серија А и Супер купот, а во втората сезона ја освои тројната круна.