Први кадри од најновото продолжение на култната франшиза „Терминатор“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Стигнаа првите кадри од најавената научно-фантастична акција „Terminator: Dark Fate“, во која ќе имаме можност да ги гледаме легендите од култниот прв „Terminator“ од пред 35 години.

Ова ќе биде шесто продолжение од култната франшиза во кое прв пат, после вториот дел „Terminator 2: Judgment Day“ ќе ги обедини Арнолд Шварценегер, Линда Хамилтон и Џејмс Камерон.

Новото продолжение го режираше Тим Милер, познат по хитот „Deadpool“, а приказната ги следи настаните од филмот од 1991 година. Продукцијата е на визионерот Камерон и Дејвид Елисон.

За „Terminator: Dark Fate“ не се познати многу детали, освен дека ќе биде директно продолжение на вториот дел од познатата франшиза. Во филмот, освен споменатиот актерски тандем, ќе се појават и други актерски ѕвезди како Мекензи Дејвис, Натали Рејес, Габриел Луна и Диего Бнета.

„Два дена претходно имав убав и едноставен живот, а сега е ноќна мора“, вели на почетокот од првиот „тизер“ Грејс која ја глуми Мекензи Дејвис.

Неа потоа ја спасува Линда Хамилтон во улогата на Сара Конор, која ја поддржува во борбата со металниот робот кој го менува обликот.

Премиерата на „Terminator: Dark Fate“ е закажана за 1 ноември оваа година.