Home Вебкафе Прва држава во светот која го исклучи FM радиото: Норвешка премина на DAB

Прва држава во светот која го исклучи FM радиото: Норвешка премина на DAB

Со завршувањето на трансферот на дигитално радио (DAB), и покрај несогласувањата, Норвешка стана првата светска држава која го исклучи националното емитување на FM.

Во согласност со претходно усвоен распоред, најсеверните региони и територијата Свалбард на Арктикот преминаа на дигитално радио, соопшти радиската група Дигиталрадио Норге.

Префлањето на дигитално радио почна на 11 јануари. Со тоа се добива подобар квалитет на звукот, зголемен број канали и повеќе функции за осумпати пониска цена на дифузијата.

Таа технологија е критикувана поради технички проблеми, недоволна покриеност на територијата на државата и високата цена за корисниците кои мора да купат нови приемници или адаптери по цени од 100 до 200 евра.

Таква промена во следните месеци се очекува во Швајцарија, Данска Британија и други држави.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…