Home Актуелно Прв случај на флурона регистриран и во Хрватска – кај пациентка дијагностициран и Ковид-19 и сезонски грип

Прв случај на флурона регистриран и во Хрватска – кај пациентка дијагностициран и Ковид-19 и сезонски грип

Хрватска го потврди првиот случај на флурона во земјата, ситуација коаг еден пациент има грип и коронавирус одеднаш, пренесуваат хрватските медиуми.

– Не е непознато дека е можно да се заразиме со повеќе патогени одеднаш. Треба да видиме каква ќе биде клиничката слика во случаите на т.н. флурона – рече Јасмина Вранеш, раководителка на Одделот за клиничка микробиологија на Националниот институт за јавно здравје од Хрватска, која потврди дека на една пациентка вчера ѝ биле дијагностицирани двата вируса – грип и коронавирус.

Епидемиологот Дијана Мајер ги опиша симптомите на грип и коронавирус и додава дека се совпаѓаат и тешко се разликуваат.

– Грипот има потешки симптоми, се појавуваат побрзо – температурата е 39 степени и има болки во мускулите. Со ковид-19 симптомите се поблаги и болеста постепено напредува. Двете комбинации зависат од поединецот, статусот на вакцинацијата и коморбидитетите. Не е исто дали помлад или постар ќе добие. Во секој случај, вакцинацијата и против грип и против ковид-19 се препорачува, а не е задолжителна – вели Мајер.

Според Светската здравствена организација, симптомите на грип и на ковид варираат од човек до човек, но постои група исти симптоми. Тие се: губење вкус и мирис, треска и кашлица, отежнато дишење, губење апетит, постојана болка во градите.

СЗО вели дека благите симптоми на флурона може да се лекуваат дома и дека нема потреба од хоспитализација. Сепак, постојат потешки симптоми на флурона, кои може да вклучуваат пневмонија, миокардитис и воспаление на срцевиот мускул.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…