Home Шоубизнис Прв пат во 35-годишната кариера Киану Ривс за рака со жена на официјален настан

Прв пат во 35-годишната кариера Киану Ривс за рака со жена на официјален настан

Славниот холивудски актер Киану Ривс минатиот викенд беше дел од еден настан на кој беше фотографиран како се држи за рака со уметницата Александра Грант.

Тие двајца се појавија на официјалниот прием на LACMA Art+Film Gala кој во саботата се одржа во Лос Анџелес, во организација на „Гучи“.

55-годишниот актер и 46-годишната уметница според наводите од списанието People, се најдобри пријатели и соработуваат со години. Прв пат работеа заедно во 2011 година, на книгата од Ривс „Ode To Happiness“.

Во 2016 година повторно се здружија за книгата „Shadows“, која ја напиша Ривс, а ја илустрираше Грант. Тие двајца ја основаа и издавачката куќа X Artist’s Book во 2017 година.

Daily Mail пишува дека Грант е првата девојка со која Ривс позирал држејќи се за рака на црвениот тепих во неговата 35-годишна кариера.

Најсериозната љубовна врска на Ривс досега му била со починатата Џенифер Сим, која трагично загина во автомобилска несреќа во 2001 година, на 28-годишна возраст.

Пред неколку месеци беше откриено дека Киану ќе глуми во четвртото продолжение на култната франшиза Matrix, како и во филмот Bill & Ted Face The Music.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Ќерката на Хали Бери сака да сведочи во нејзина одбрана во спорот за старателство над синот

По четиричасовното сведочење на 13-годишниот Масео во спорот за старателство меѓу Хали Бер…