Home Актуелно Протест пред МВР на невработените полициски кадети

Протест пред МВР на невработените полициски кадети

Полициските кадети генерација 2017/2018, кои не се вработија во Министерството за внатрешни работи, протестираа пред зградата на ресорното министерство.

Побараа средба со министерот Оливер Спасовски за да им објасни зошто не биле примени на работа и зошто немаат писмен документ за оваа одлука. Кадетите велат дека МВР им нанело штета, со тоа што ги декларирало како криминалци.

Од МВР велат дека кај некои од кандидати биле утврдени неправилности што влијаеле врз вкупната оценка.

„Во текот на процесот на прием и обука на избраните кандидати, забележани се сериозни неправилности кои биле направени пред подготовката на безбедносната проценка на кандидатот. Беше констатирано дека 37 од кандидатите за полициски службеници кои биле на обука добиле негативни проценки за безбедност. Ова е во спротивност со принципите на правната и професионалната работа и нивниот евентуален ангажман подразбира прекршување на законските одредби за создавање статус на работа во Министерството, но истовремено и нарушување на безбедносниот систем“, велат од МВР.

Од МВР понудија договори за само 10 кадети, додека 30 се уште чекаат.

Извор: Алсат М

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…