Славни

Протекоа снимки на Трамп: „Сакам да ја допирам Меланија во јавност“

Во интервјуата кои ги давал пред да биди американски претседател, Доналд Трамп се фалел дека бил со најдобрите женски во историјата. И дека сака да ја допира Меланија во јавност, пишува „Индепендент“.

Неодамна повторно испливаја интервјуата кои ги давал од 1993 до 2015 година. Во овие интервјуа Трамп без никакво воздржување зборува за својот сексуален живот.

„Вистина е, имав секс со некои од најдобрите во минатото“, одговара Трамп, на прашањето дали е вистина дека бил со најголемите лепотици на светот.

Подоцна Стерн го прашал дали барал од жените да се тестираат за сексуално преносливи болести. Трамп на ова прашање одговара дека „поседува 25% од Goodyear гумите“.

На прашањето дали ја допира Меланија во јавност, Трамп одговара „Да. Добро се однесувам во јавност и секогаш гледам да се задржувам на половината од телото.“

Во неколку наврати ги споредуваа и бившата жена на Трамп со Меланија. На овие прашања Трамп кажува дека бившата жена била „ужасна“ и едвај ја поднесувал.

Стерн одбиваше да ги објави снимките за време на политичката кампања, но сега тие се во јавност.

To Top