Просечната плата во ноември изнесувала 22.380 денари, еве ги бројките


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Македонија дузина семејства едвај го туркаат месецот. Статистиката во ноември 2016 регистрира просечна нето плата од 22.380 денари што не е доволно за едно просечно четиричлено семејство.

101.8 изнесува индексот на на просечната месечна исплатена нето плата по вработен, а најголемо зголемување има во секторите рударство и вадење на камен (10.5 проценти), уметност, забава и рекреација (8.0 проценти) и градежништво (7.3 проценти).

Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.1 проценти), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.8 проценти) и земјоделство, шумарство и рибарство (3.2 проценти) се секторите кои бележат пад на просечната месечна нето плата.

1.4 процент од вработените во месец ноември лани не земале плата.

445.200 луѓе живеат под прагот на сиромаштијата. Ова е заклучокот на анализата на порталот порталб која покажува дека секое трето семејство или 30 отсто од домаќинствата со вкупните месечни примања кои ги остваруваат , многу тешко го истеруваат месецот.