Home Актуелно Променлив четврток со облачни и сончеви периоди

Променлив четврток со облачни и сончеви периоди

Денешниот, 29. септемвриски ден, четврток, во Македонија носи променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и особено во посеверните делови ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Во делови од регионот ќе има услови за краткотарен пороен дожд и ретки грмежи. Дневните температури во Скопје ќе достигнат до 25 Целзиусови степени, Маврово 17, Охрид 21, Битола 25, Крива Паланка 23, Берово 22, Кавадарци 27, Дојран 29.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има појава на краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 17 до 29 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…