Проклетството продолжува: Рамзи постигна гол, славниот пејач почина!

Кога велшкиот репрезентативец и член на Арсенал, Арон Рамзи ќе постигне гол, тоа значи дека во краток временски период некоја славна личност ќе замине од овој свет.

Рамзи беше стрелец во саботата против Тотенхем, а денес почина 49-годишниот пејач на познатата британска група „Продиџи“, Кејт Флинт.

Така само продолжи „проклетството“ на велшкиот репрезентативец. Имено, се започна во 2011 година кога почина терористот Осама бин Ладен.

Црната низа потоа продолжи со Стив Џобс, Муамер Гадафи, Витни Хјустон, Паул Волкер, Робин Вилијамс, Алан Рикман и Дејвид Боуви.

Нема логично објаснување за смртта на славна личност која се случува набрзо откако Рамзи ќе постигне гол. Англиските медиуми го прашаа Рамзи што мисли за „проклеството“.

„Тоа дека јас ги убивам славните личности е луда шпекулација, иако на листата има и некои негативци како Бин Ладен“, се пошегува Рамзи.

Од следната сезона Рамзи ќе се пресели во Италија и ќе го носи дресот на Јувентус, па да се надеваме дека со тоа ќе престане ова „проклество“ кое го следи во Англија.

https://twitter.com/Afcpress/status/1102550795554152448