Прогнози: До крајот на оваа декада секој трет нов продаден автомобил ќе биде електричен


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според истражувачките анализи на „Дилојт“, до 2030 година во светот на годишно ниво ќе се продаваат по 31,1 милиони електрични автомобили, се наведува во новата студија.

Студијата на „Дилојт“ прогнозира дека во 2030 година една третина од новорегистрираните возила во светот ќе имаат електричен погон.

Во истата студија се наведува дека во таа година на глобално ниво ќе се испорачаат 31,1 милиони автомобили на струја. Што е дури 10 милиони повеќе од прогнозите направени во јануари 2019.

Истражувачите на „Дилојт“ во студијата исто така тврдат дека продажбата на моторите со внатрешно согорување веќе го доживеала својот историски врв и дека сега постепено опаѓа.

Се прогнозира дека веќе во оваа година во светот ќе бидат испорачани 2,5 милиони електрични автомобили, што е за 29% повеќе од 2019.