Прогноза на Гризман: Јуве ќе ја освои Лигата на шампионите, Буфон „Златната топка“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, прогнозира дека Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите и дека престижната награда „Златна топка“ ќе заврши во рацете на Џанлуиџи Буфон.

„Јувентус ќе ја освои Лигата на шампионите, што значи дека Буфон ќе ја добие Златана топка“, изјави Гризман за шпанските медиуми.

Реал беше тимот кој го запре Атлетико во полуфиналето, поради што тимот на Диего Симеоне не успеа да го повтори минатогодишниот успех, кога стигна до финалето.

„Пораз во финалето повеќе боли. Размислуваш како ќе го кренеш пехарот, а кога ќе го загубиш натпреварот се чувствуваш лошо“, заклучи Французинот.

Атлетико и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите бидејќи во првенството го обезбеди третото место.

„Не ги освоивме трофеите кои ги посакувавме. Но, исполнивме една цел, што значи дека завршивме голема работа“, истакна Гризман.