Прогласени најдобрите студенти на УКИМ за учебната 2016/2017 година


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Со доделување на награди и пофалници, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ги прогласи своите најдобри студенти за учебната 2016/2017 година.Традиционално, наградите за најдобрите дипломирани студенти се доделуваат еднаш годишно, на најдобриот дипломиран студент на прв циклус студии на секој факултет на Универзитетот во секоја учебна година.

Во своето обраќање пред најдобрите дипломирани студенти и пред претставниците на академската заедница, ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, истакна дека студентите се гордост на Универзитетот и дека нивниот успех говори за квалитетот на високото образование.

Ректорот Јанкуловски им посака големи успеси на наградените студенти во нивниот понатамошен професионален развој, за кој клучни се и знаењата стекнати во рамки на нивните студии, на кои им се посветиле со голем ентузијазам.

– Андријана Коруновска, дипломирала на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на студиската програма – Односи со јавност, со средна оценка 10.
– Виктор Јаневски, дипломирал на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје, со средна оценка 10.
– Ерблир Браими, дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на студиската програма – Безбедност, одбрана и мир, со средна оценка 10.
– Мартин Стојчевски, дипломирал на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, на студиската програма Дизајн и менаџмент на технолошки производи, со средна оценка 10.
– Александар Ѓерасимовски, дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје, на студиската програма – Термичко инженерство, со средна оценка 9,95.
– Стефан Аговски, дипломирал на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на студиската програма – Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија, со средна оценка 9,95.
– Ѓунтер Мерџан, дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, на студиската програма – Економија, со средна оценка 9,94.
– Љиндита Бакиу, дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на студиската програма – Преведување и толкување (албански јазик – мајчин), со средна оценка 9,93.
– Билјана Митреска, дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на студиската програма – Теориска физика, со средна оценка 9,93.
– Биљана Петковска, дипломирана на Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, на студиската програма – Библиотекарство, со средна оценка 9,92.
– Ивана Петровска, дипломирала на Градежниот факултет во Скопје, на студиската програма – геодезија, со средна оценка 9,90.
– Мирјана Трпковска, дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на студиската програма – Драмски актери, со средна оценка 9,86.
– Дамјан Ѓоргиевски, дипломиран на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на студиската програма – Графика – графички дизајн, со средна оценка 9,85.
– Ангелина Стаматоска, дипломирала на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, на студиската програма – Квалитет и безбедност на храна, со средна оценка 9,87.
– Александра Зафировска, дипломирала на Фармацевтскиот факултет во Скопје, на студиската програма – магистер по фармација, со средна оценка 9,75.
– Ана Јакимовска, дипломирала на Факултетот за физичко образование, спорт и здравствено образование, со средна оценка 9.52
– Христина Божинова, дипломирала на Шумарскиот факултет во Скопје, на студиската програма – Шумарство, со средна оценка 9,30.
– Андреа Велеска, дипломирала на Стоматолошкиот факултет во Скопје, на студиската програма – доктор по дентална медицина, со средна оценка 9,28.
– Есра Иљази, дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје, на студиската програма – Интегрирани петгодишни студии од прв и втор циклус по архитектура, со средна оценка 9,24.
– Андреј Николовски, дипломирал на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер во Скопје, на студиската програма – дизајн на мебел и ентериер, со средна оценка 9,03.
– Трајче Јанков, дипломирал на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Општа теологија, со средна оценка 9,00.
– Невенка Ридова, дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје, на студиската програма – Општа медицина, со средна оценка 9,76.
– Динко Стипаничев, дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, на студиската програма –контрабас, со средна оценка 9,97.