Home Актуелно Стигнуваат летните температури – понеделничка временска прогноза

Стигнуваат летните температури – понеделничка временска прогноза

Во Македонија денес ќе имаме сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 34 Целзиусови степени.УВ индексот ќе изнесува осум.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 15 до 32 степена.

Утре во попладневните часови во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.

Во вторник ќе има извесно преодно стабилизирање на времето. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. До среда дневните температури ќе бидат во пораст, а од четврток ќе бидат во опаѓање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…