Home Спорт Проблеми за Тотенхем: Хари Кејн се соочува со суспензија!

Проблеми за Тотенхем: Хари Кејн се соочува со суспензија!

Напаѓачот на Тотнем, Хари Кејн се соочува со суспензија од три натпревари после синоќешниот меч со Челзи.

Хари Кејн неодамна се врати по тешката повреда, а сега го очекува нова пауза, откако му се заканува суспензија од три меча поради непримерен потег на мечот против „сините“.

Кејн и дефанзивецот на домаќините Цезас Аспиликуета имаа еден судир во текот на првиот дел кој главниот судија Андре Маринер не го виде.

Сепак, ФА одлучи да отвори истрага против напаѓачот на Тотенхем и ако констатира недостојно поведение може да го санкционира и со три меча суспензија.

Тоа значи дека Кејн во тој случај би го пропуштил големото дерби на северен Лондон во кое ќе се сретнат Арсенал и Тотенхем за време на викендот.

Останува да се очекува одлуката на ФА која ќе мора да биде донесена денеска.

„Спарси“ веројатно ја загубија битката за титулата по синоќешниот пораз, па сега мора да внимаваат да не ја загубат и позицијата која води во Лигата на шампионите следната сезона. Поради тоа дербито со Арсенал за двата тима е од исклучителна важност.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…