Притвор за дадилката која беше снимена како тепа дете во скопска игротека (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако камерите ја снимија како го малтретира и тепа едно од дечињата кои се на престој во игротеката Дежаву, во Скопје, полициските органи ја приведоа дадилката заради нејзиното агресивно однесување. Дадилката доби 30 дена притвор за нејзиното сторено дело на насилен криминал врз малото дете.

На снимката се гледа како на едно од трите деца со кои доаѓа, му удрира шлаканици, го влече по подот и насилно го седнува на столче.

Нејзиното агресивно однесување го пријавал менаџерот на игротеката. За случајот е известен и Центарот за социјални работи.

Мајката го однела детето на преглед во болница, а таму биле присутни и припадници на МВР односно инспектори за насилен криминал и одделение за имотни деликти и малотничка деликвенција.