Притаениот милионер: Познатиот актер живее скромно и троши само 100 долари месечно


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Често луѓето го гледаат како се вози со градски превоз и купува на попуст.

Легендарниот актер од Хонг Конг, Ча Хун Фат планира своето богатство од 715 милиони дфолари да го подари во хуманитарни цели, пренесуваат кинеските медиуми.

Актерот кој доби Оскар за филмот „Притаен тигар, скриен змеј“ е познат по тоа што води скромен живот, а троши само 100 долари месечно.

Актерот е познат и по тоа што еден мобилен телефон го користел дури 17 години, а дури пред две години преминал на паметните телефони, откако неговиот стар модел престанал да работи.

„Парите не ми припаѓаат на мене, ја сум за тоа само привремено задолжен“, истакна за новинарите кога го прашаа какви се неговите планови со неговото богатство.

Вестите за неговите планови повторно се појавија оваа недела, откако е виден на Тајван како го промовира својот нов гилм „Проект Гутенберг“, кој ќе се прикажува од 4. октомври.

Тој се сликаше со своите фанови додека се возеше со метро во Таипеи, но и кога џогираше во националниот парк.

Актерот и неговата сопруга Јасмин Тан има своја добротворна фондација веќе долга низа години. Парот нема деца.

„Мојот сон е да бидам обична и среќна личност. Најтешко во животот не е да се заработи богатство, туку да се сочува мир до крајот на животот на едноставен и грижлив начин“, истакна тој.