ОЈО покрена обвинение: Тони Михајловски обвинет за смртни закани упатени кон новинар


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Скопското јавно обвинителство поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело, загрозување на сигурноста.

Ова дело е од Кривичниот законик, поточно чл.144 ст.4.

Обвинетиот се сомничи дека на 16.06. изминатата година, по информатички систем се заканил дека ќе стори дело кое е казниво со закон и гласи 5 годишна затворска казна. Заканите биле упатени во пишана форма на својот профил на една од социјалните мрежи и биле насочени кон новинар, на кој му се прети со ликвидација, по што сигурноста на новинарот е загрозена.

обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот.

Во текот на истражната постапка, надлежниот јавен обвинител презеде повеќе истражни дејствија, а преку меѓународна правна помош од социјалната мрежа ги обезбеди и податоците за корисничкиот профил од кој беа упатени заканите, соопшти обвинителство.

Актерот и воедно член на раководството на ВМРО ДПМНЕ, изминатата година на својот ФБ профил напиша дека ,,лично би го убил Бранко Тричковски без око да му трепне“.

Тогашниот министерот за култура, Роберт Алаѓозовски нареди да се поведе дисциплинска постапка против актерот и уметнички директор на Македонскиот народен театар, Тони Михајловски поради неговите закани по живот упатени кон новинарот Бранко Тричковски.

Алаѓозовски во тој момент, директно го повика директорот Дејан Пројковски да постапи согласно законот и да поведе дисциплинска постапка за повреда на угледот на установата. Тогаш, дисциплинска постапка за заканите кон Тричковски побараа од здружението на новинари на Македонија.