Принцезата од Монако била сместена во психијатриска клиника каде неделен престој чини 43.000 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Принцезата од Монако, Шарлин, која некои медиуми ја нарекоа „најтажната жена на светот“ на денот на нејзината венчавка, се врати дома откако помина четири месеци во установа за ментално здравје.

И палатата објави сè.Тие истакнале дека Шарлин е подготвена да ги продолжи своите кралски должности со нејзиниот сопруг принцот Алберт и нејзините деца, близнаците Жак и Габриела, пренесува магазинот People.

„Нејзиното враќање дома е резултат на големата грижа што ја имаше на клиниката, а се беше одобрено од нејзините психијатри“, додаваат од палатата.

Дејли Мејл пишува дека престојот на принцезата Шарлин во луксузната швајцарска клиника чинел 43.000 евра неделно. Се наведува дека ова е една од најдобрите клиники за ментално здравје, но и за борба против зависности.

Клиниката на своите пациенти им нуди индивидуализирани програми, а сите пациенти се сместени во луксузни соби или апартмани. Имаат библиотека, деловни канцеларии, сликарски простории и спа центар, а храната ја подготвуваат најдобрите готвачи.

Да потсетиме, принцезата Шарлин заврши на лекување само десет дена по враќањето од Јужна Африка.

„Таа очигледно беше исцрпена, физички и емоционално. Беше преоптоварена и не можеше да се справи со службените должности, животот воопшто, па дури и со семејниот живот. Тоа секако беше фактор”, рекол тогаш нејзиниот сопруг, принцот Алберт.