Home Актуелно Прилично топол четврток

Прилично топол четврток

Денешниот 15-ти септемвриски ден во Македонија носи сончево и доста топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе биде западен и ќе засилува, а вдолж Повардарието ќе биде југоисточен.

Во Скопје, сончево и доста топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југозападен ветер и температури до 32 Целзиусови степени. Маврово 26, Охрид 30, Битола 33, Крива Паланка 30, Берово 29, Кавадарци 33, Дојран 35.

Утре времето ќе биде сончево и натпросечно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер претежно од западен правец кој повремено и особено во западните делови ќе засилува. Во Скопје, сончево и натпросечно топло со мала облачност и со слаб до умерен југозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 38 до 36 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Амбасадата на САД побара враќање на два автомобила донирани на обвинителството во Белград

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Белград побара од Врховното јавно обвините…