Home Актуелно Прилепски полициски командир уапсен во денешната акција на МВР во која беше запленета дрога во вредност од 800.000 евра

Прилепски полициски командир уапсен во денешната акција на МВР во која беше запленета дрога во вредност од 800.000 евра

Припадници на МВР денеска кај планинскиот превој Плетвар, во близина на Прилеп, пресекоа организиран транзит на дрога вредна 800 илјади евра. Во организацијата на транспортот на дрогата постои сомнеж дека е вмешан висок полициски службеник, Кире Спиркоски, со чин командир во полициска станица, пренесува порталот СДК.

Според информациите од МВР, станува збор за поголема група на лица кои се уапсени, но поради истрагата се уште не се откриваат детали ниту бројки. Кај уапсените е пронајдено и оружје.

Според информации од истрагата оваа нарко-дилерска група и транзитот овозможен со командирот на прилепската полиција, немаат врска со трговците со кокаин од Грчец, кои беа апсени минатата недела.

Акцијата МВР ја спроведе со помош на Американската агенција за борба против дрога, ДЕА.

МВР за утре најавува информација за резултатите од акцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…