Сончев и топол априлски понеделник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот априлски понеделник времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде од 0 до 5, а максималната од 17 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време со слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне 20 степени.

Според УХМР, од утре ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи дожд кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Од среда ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, што ќе услови намалување на температурата. Во среда и четврток на планините, врнежите ќе бидат од снег.