Прикажана долгоочекуваната инцестуозна секс сцена во „Game Of Thrones“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во најновата епизода од Game Of Thrones гледачите најпосле дојдоа на своето и го добија парот за кој веќе долго навиваа.

Имено, после преговорите со Церсеи, кога тензиите малку се смирија, Џон Сноу најпосле собра храброст и тропна на вратата од спалната на Даенерис Таргарјен, а верните обожаватели на серијата беа наградени со уште една жешка секс сцена.

На некои ќефот би можел да им го расипе фактот дека двата лика во филмот се во крвно сродство, иако тоа тие уште не го знаат. Имајќи во предвид дека Џон е син на Лиан Старк и постариот брат од Даенерис, Реагар Таргарјен, таа му паѓа тетка на Џон.

Изненадувачки или не, многубројните фанови на серијата воопшто не се згрозени од овој инцест, туку и понатаму навиваат за успех на овој долгоочекуван пар.

„Знаете зошто Game Of Thrones е толку неверојатна? Не само што ни прикажува инцест, туку не тера и да навиваме за него“, „Ниокгаш не сум бил олку среќен за некој инцест“, „Game Of Thrones ме научи дека сум против инцест меѓу близнаци, но инцест помеѓу тетка и внук да ми биде сосема во ред“, беа само дел од бројните коментари за сцената.