Пријателите загрижени за Ванеса Брајант – не престанува да плаче


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неутешната Ванеса Брајант, по трагичната смрт на прерано починатиот сопруг Коби Брајант и нивната ќерка Џиана, се обидува да се држи силна по оваа семејна трагедија која ги снајде, но пријателите се загрижени за неа бидејќи, како штои велат, таа не престанува да плаче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Кошаркарскиот великан Коби и Ванеса се венчаа во април 2001 година, кога тој имаше 22 години, а таа 18 години. Покрај 13-годишната Џиана, која почина заедно со нејзиниот татко, ги имаа 17-годишна Наталија, 3-годишна Бјанка и 7-месечната Капри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

„Многу и е тешко, таа е уништена, како и целото семејство“, изјави извор , близок до семејството за списанието „People“.

Друг извор посочи дека Ванеса е скршена и едвај успева да зборува. „Не може да ја заврши реченицата без да плаче, но таа многу се труди да остане силна поради нејзините ќерки. Вели дека мора да биде силна поради семејството“, додаде тој.

Изворот раскажува дека „и покрај нивните подеми и падови, Коби и Ванеса беа сродни души и дека таа верувала дека Коби ќе биде нејзин партнер цел живот“.

„Таа е опкружена со луѓе кои ја сакаат и го сакаа Коби. Има силна поддршка, се потпира и на нејзината вера. Таа не е сама во ова, но ќе тагува многу долго“, вели изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Коби и Ванеса се запознале во 1999 година, кога тој се обидувал да изгради кариера како пејач, а таа била танчерка. Тие се венчале шест месеци подоцна во 2001 година. Откако објавија дека се верени, медиумите ги следеле немилосрдно, а една редакција ангажирала хеликоптер обидувајќи се да ја сними Ванеса во дворот на нејзината гимназија.

Семејството на Брајант не дошле на нивната мала свадба, наводно затоа што мислеле дека тој не треба да се оженил толку млад, особено без предбрачен договор.

Кога се роди нивната прва ќерка Наталија во 2003 година, Коби беше уапсен под сомнение дека силувал 19-годишна девојка во хотел во Колорадо. Обвиненијата беа повлечени, а Ванеса седеше до него за време на конференцијата за печат на која тој тврдел дека сексот бил доброволен.

„Ти си мојот ‘рбет. Ти си мојот благослов. Ти си дел од моето срце, воздухот што го дишам. Ти си најсилната личност што ја знам. Жал ми е што те изложив на сето ова “, изјави Коби во тоа време. Ванеса имаше спонтан абортус во 2005 година, а Коби за тоа се обвини себеси.

„Ние треба да изградиме семејство, и заради мојата грешка и сè што поминавме, го изгубивме нашето бебе“, рече тој. Сепак, една година подоцна им се роди Џиана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kobe Bryant (@kobebryant) on

Тие, доживеаја брачна криза и во 2011 година, кога Ванеса поднесе барање за развод, повикувајќи се на непомирливи разлики. Две години подоцна, таа го повлече барањето, а во 2016 година им се роди Бјанка.