Полански на удар од француските феминистки


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако филмот „Обвинувам“ во режија на Роман Полански беше номиниран за филмската награда „Цезар“ (францускиот „Оскар“) во поголем број категории, со револт и гнев на тоа реагираа франциските феминистки.

„Обвинувам” , историски трилер за случајот Драјфус (голем политички скандал во неодамнешната француска историја) со Жан Дужардин, крунисан со Гран-при на жирито во Мостра, е номиниран за највисоката награда за француски филм во дванаесет категории, меѓу кои и за двете најзначајни, за најдобра режија и за најдобар филм.

Веста предизвика контроверзи за 86-годишниот режисер, чии номинации наидоа на осуда од јавноста, а особено од феминистките. Многу од реакциите беа на социјалните мрежи, па Полански е меѓу најчестите теми на објавите на Твитер.

„12 номинации за филмот на Полански ! Дванаесет, како и бројот на жени кои го обвинуваат за силување! Срамота“, веднаш се огласи феминистичката организација на Твитер, која што повика на протести пред салата „Пикел“ во Париз на 28 февруари на 45. доделување на наградите Цезар.

Француската филмска академија „не е институција која треба да заземе морален став“, одговори нејзиниот претседател Ален Терзијан, одговарајќи на прашањата по објавувањето на веста за номинациите. „Ако не грешам, 1,5 милиони Французи го гледале филмот, затоа прашајте ги“, рече тој.

Роман Полански, гонет од страна на американското судство по обвинение за силување малолетничка во 1977 година, е на мета на ново обвинение за силување, од Французинката Валентин Мониер, што режисерот го негира.

Премиерата на филмот во ноември во Франција беше придружено со протести кои го нарушија прикажувањето на филмот со повик на негов бојкот, иако привлече 1,5 милиони гледачи.