Претставен најмоќниот Vanquish S од Aston Martin – ќе чини 262.950 евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Aston Martin на Саемот за автомобили во Лос Анџелес официјално го претстави Vanquish S, кој има шестлитарски атмосферски В12 мотор со 600 коњски сили.

18-11-astonmartin-vanquish-s1

Со еден од последните мотори од „старата школа”, Vanquish S претставува зајакната верзија на стандардниот Vanquish, а е последен модел од актуелната генерација, бидејќи Aston Martin на големо работи на развој на следната генерација на овој модел, кој на патиштата ќе се најде кон средина на 2018 година.

Во однос на стандардниот модел, Vanquish S има подобрена аеродинамика, зајакнат мотор, поцврста каросерија, капацитетни сопирачки и рекаблирана амортизација. Суштинските измени на каросеријата вклучуваат нов карбонски преден насочувач на воздухот и нов заден воздушен дифузер. Меѓу опциската опрема спаѓаат и неколку карбонски детали и зајакнати 20-инчни бандажи.

18-11-astonmartin-vanquish-s2

Атмосферскиот шестлитарски алуминиумски V12 мотор во ова издание нуди 600 коњски сили при 7.000 вртежи во минута и 630 Њутн/метри максимален вртлив момент при 5.500 вртежи во минута, кои се пренесуваат на задната осовина.

18-11-astonmartin-vanquish-s3
Aston Martin со зајакнатиот мотор подготви и рекалибриран осумстепен автоматски менувач, кој од еден во друг степен на пренос сега оди многу побрзо. Од нула до 100 километри на час моделот стигнува за 3,5 секунди, а неговата максимална брзина изнесува 323 километри на час.

18-11-astonmartin-vanquish-s4
Vanquish S во продажните салони стигнува во декември. Почетната цена во САД изнесува 312.950 долари, а во Германија 262.950 евра.