Претседателската изборна кампања започнува од 1 април


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Најдоцна до 21 март во ДИК можат да се поднесуваат кандидатурите за претстојните претседателски избори. Изборната кампања почнува на 1 април.

За официјализирање на претседателската кандидатура потребно е претендентите за шеф на државата да достават 10.000 граѓански или 30 пратенички потписи.

Од ДИК посочуваат дека за шестите претседателски избори во моментов потписи собираат седум кандидати и оти досега само кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова ги има собрано потребните потписи.

Сé уште е неизвесно дали заедничкиот кандидат на СДСМ и ДУИ, Стево Пендаровски до ДИК ќе достави потписи од граѓани или од пратеници. Од СДСМ велат дека размислуваат и за двете варијанти.

Потписи за да учествува на претседателските избори собира и Блерим Река, кого го поддржаа Алијансата за Албанците и БЕСА.

Потписи за кандидатура собираат уште неколку претенденти за функцијата претседател на државата.

Собирањето потписи започна на 23 февруари а ќе заврши на 9 март. Доставувањето, пак, на кандидатурите завршува на 21 март.

На 14 март истекува и рокот за увид во избирачкиот список и пријавувањето за гласање на дисјаспората. Досега се регистрирани само 413 македонски граѓани кои своето избирачко право ќе го остварат во дипломатско конзуларните претставништва на земјава.

Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај.