Претседателот на ФИФА му одговори на Модриќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот на Реал Мадрид, Лука Модриќ не се изрази ласкаво за видео технолигијата (VAR) во фудбалот, која за прв пат беше употребена на Светското клупско првенство во Јапонија.

„Да бидам искрен, ќе кажам дека оваа иновација не ми се допаѓа. Се надевам работите дека ќе стекнат подобар изглед, бидејќи тоа не е фудбал. Првиот мој впечаток не е добар“, изјави Модриќ.

На ваквата изјава на Хрватот веднаш реагираше првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино кој му порача дека ќе го промени мислењето кога со помош на технологијата ќе слави победа.

„Секој старт започнува со грешки, но ние ќе ги донесеме правилните одлуки и ќе ги поправиме ситните грешки. Модриќ ќе биде среќен следниот пат. Кога ќе победи благодарение на видео судиите, ќе биде многу среќен“.

„Прашајте го дали нема да биде така. Се губат 30 секунди за прегледување на снимките, кажете ми колку секунди се губат кога некој фудбалер се жали на повреда? Вреди да се загуби ова време за да се спречат големи неправди кои сакаме комплетно да се отстранат од фудбалот“, истакна претседателот на ФИФА