Пресврт: Конте го краде засилувањето на Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Антонио Конте е силно заинтересиран за играчот на Баерн Минхен, Ренато Санчез и наскоро ќе испрати понуда за да го донесе на „Стенфорд Бриџ“.

Угледниот весник „Телеграф“ пренесува дека Конте разговарал со Анчелоти после пријателскиот дуел во Кина и официјално го потврдил интересот за играчот.

Ренато Санчез не е задоволен од својот статус во Баерн и сака да ја промени средината во потрага по поголема минутажа, а како главен кандидат за неговиот потпис важеше Милан.

Сепак Баерн и Милан не можат да најдат заеднички јазик околу трансферот бидејќи Баварците сакаат да го пратат на позајмица, додека „росонерите“ бараат да имаат можност да го откупат следното лето.

Сега во игра за потписот на Санчез се вклучува и Челзи, па останува да видиме каква ќе биде понудата на „сините“ и каде ќе заврши младиот Португалец.