Премиерот на Австралија го предупреди Канје Вест: Ако не си целосно вакциниран против Ковид, ич не тргнувај наваму


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерот на Австралија, Скот Морисон, го предупреди до раперот, бизнисмен и милијардер Канје Вест: Биди вакциниран, или не можеш да патуваш овде.

Објавата на Морисон доаѓа по инфрмациите дека Вест се обидел да одржи концерт на стадионот Марвел во Мелбурн во март, пред неговите главни концерти во Коачела следниот месец.

По депортацијата на Новак Ѓоковиќ од Австралија, откако барањето за виза на невакцинираната тениска ѕвезда беше одбиено пред Австралија Опен, Морисон издаде изјава како одговор на тоа дали ќе му дозволи на Вест – чијшто статус на вакцинација е доведен во прашање – да одржи концерт во земјата.

„Правилата се дека треба да бидете целосно вакцинирани, тоа се правилата“, рече Морисон. „Тие важат за сите како што луѓето гледаат. Не е важно кој си, тоа се правилата. Следете ги правилата и можете да дојдете, ако не ги следите правилата, не можете“.

Министерот за здравство на Викторија Мартин Фоли додаде: „Искрено, не го знам статусот на г-дин Вест за вакцинација… очигледно г-дин Вест тврди дека е вакциниран“, објави Sydney Morning Herald.

Во интервју во јули 2020 година, Вест рече дека се сомнева во која било вакцина за Ковид-19, нарекувајќи ја „жигот на ѕверот“. „Значи, кога велат дека начинот на кој ќе го поправиме Ковид е со вакцина, јас сум крајно претпазлив“, изјави Вест тогаш за Форбс. „Тие сакаат да стават чипови во нас, сакаат да прават секакви работи, за да не можеме да ги преминеме рајските порти“.

Меѓутоа, за време на неговото интервју со Drink Champs во ноември 2021 година, Вест призна: „Добив само една од вакцините, така што сум полу-вакциниран“. Вест не прецизираше која вакцина ја примил – две дози Фајзер и Модерна или еднократна вакцина Џонсон и Џонсон – или дали на крајот примил втора доза доколку е потребно.

Додека Вест сè уште не ја објавил турнејата за поддршка на неговиот албум Донда и неговата претстојна Донда 2, Сиднеј Морнинг Хералд во петокот објави дека тимот на Вест се обратил до Австралиската фудбалска лига со барање да го премести натпреварот за стадионот Марвел на 21 март; тоа барање беше одбиено, а концертот на Вест на местото на настанот сега е предвиден за 12 март. Вест треба да се врати во САД до 3 април за да присуствува на Греми во Лас Вегас, каде што Донда е номинирана за албум на годината меѓу другите номинации.