Home Спорт Преку Рома до финале: Лацио прв финалист во Купот на Италија

Преку Рома до финале: Лацио прв финалист во Купот на Италија

Лацио е првиот финалист во Купот на Италија, откако во полуфиналниот двомеч беше подобар од градскиот ривал Рома.

Лацио по победата во првиот меч од 2:0, во реваншот загуби со 3:2 и со вкупен резултат 4:3 се пласира во финалето каде го чека подобриот од полуфиналниот двобој помеѓу Наполи и Јувентус.

Лацио два пати водеше против Рома, најпрвион со голот на Милинковиќ-Савиќ во 37.минута, 0:1, а потоа и со погодокот на Имобиле во 55.минута, 1:2.

Првото водство на Лацио го поништи Ел Шарави, а второто Салах. Египѓанецот во последната минута погоди за 3:2, но недоволно за финале.

Наполи и Јувентус реваншот ќе го одиграат во среда, а по првиот натпревар „старата дама“ има предност од 3:1.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…