Актуелно

И денес облачно време

Променливо облачно со повремен локален дожд, особено попладне кога ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринските температури ќе се движат од 0 до 7 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 8 до 20 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 5 и дневна до 18 степени.

До четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет, особено во попладневните часови кога локално ќе има појава на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Во четврток преку ноќта поради спуштање на постуден воздух од север на планините и на некои повисоки места на запад врнежите ќе бидат од снег.

Од четврток до сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Поварадрието. Поради разведрувањето за време на викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нулата.

Advertisements
To Top