Предлогот за Македонија да биде една изборна единица го помина првиот собраниски филтер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барањето на помалите партии за една изборна единица го мина првиот собраниски филтер.

Со 11 гласа „за“, еден „против“ и без ниту еден „воздржан“ членовите на Комисијата за политички систем оценија дека предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик е прифатлив и му предложија на Собранието да организира јавна расправа.

Единствено пратеничката од ДУИ, Фиснике Бектеши Шаќири, гласаше против предлогот за воведување на една изборна единица, но иако останатите партии гласаа ЗА продолжување на постапката, се уште се далеку од договор…

Во комисијата за политички систем, освен ДУИ, забелешки имаа и од Алијанса за Албанците, кои предлагаат наместо шест, да има 8 изборни единици, според регионите во земјава..

Најголемата владејачка партија, СДСМ иако долги години се залага за една изборна еиница, сега вели дека за да гласаат за промена на изборниот модел потребно е претходно да има широк консензус за барањето на помалите коалициони партнери..

Начелна поддршка даваат и од ВМРО-ДПМНЕ.. Но, претходно и тие велат дека е потребна експертска јавна расправа за сите засегнати да ги вкрстат аргументите за и против.

Дека скоро прифаќање на предлог законот нема да има, покажува и негативното мислење што Владата го испратила до Собранието уште пред една година.. ..

Во него се бара да не се усвојува без широка стручна и политичка дискусија, која треба да резултира со конечен предлог прифатлив за сите политички партии.

Дел од помалите владини партнери најавија дека ќе ја преипитаат поддршка за власта ако моделот не се промени, но суштински разговори меѓу клучните политички факотри засега нема..