
Познатата шминкерка Кејти Џејн Хјуз открива како да постигнете совршен „Cat eye look“ со помош на ајлајнер, доколку имате спуштени капаци.
„Cat eye look“ е една од најпопуларните техники на шминкање, бидејќи ги истакнува очите, ги прави поприметливи и додава интензитет на изгледот. Доколку природно имате „мачкасти очи“, тогаш нанесувањето на ајлајнер и создавањето на заводливиот „Cat eye look“ ќе биде лесна задача за вас. Меѓутоа, доколку имате благо спуштени капаци, постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат вашиот „мачкаст“ ајлајнер да изгледа беспрекорно.
Ако вашите очи спаѓаат во категоријата „hooded eyes“, односно движечкиот капак не е видлив кога ги отворате очите, а доколку користите класична техника за нанесување ајлајнер, односно само повлекувате линија долж трепките и ја продолжувате кон надворешниот дел, тогаш резултатот веројатно не е најдобар, бидејќи ајлајнерот во суштина станува невидлив.
Фактот дека овој облик на очи е посебен воопшто не значи дека не може да изгледа впечатливо и убаво со ајлајнер. Сè што треба да направите е да ја примените техниката на познатата шминкерка.
Во следното видео, шминкерката Кејти Џејн Хјуз ви ги покажува сите чекори што треба да ги следите за да ги истакнете вашите очи со спуштени капаци и да постигнете совршен изглед!