
Пронајдовме одлични дизајни кои ќе ве инспирираат да ја испробате.
Бордо, црна, црвена или нуд – нијанси кои повеќето од нас ги избираат во зима се повеќе или помалку исти. Одговараат на секоја комбинација, ѝ ласкаат на кожата и ќе продолжиме да ги носиме затоа што се елегантни и класични. Но, ако сакате да пробате нешто поинакво, што ќе биде дискретно, а во исто време впечатливо, не барајте понатаму – имаме совршен предлог за вас.
Виолетовата боја, во сите нијанси – од најсветлите до најтемните, е тренд оваа сезона и изгледа дека го замени омилениот нуд маникир. Доволно е само една прошетка низ Instagram или Pinterest за да се уверите – виолетовата е насекаде, во најразлични варијанти.
Во зависност од бојата на лакот што ќе ја изберете, можете да создадете минималистички или екстравагантен маникир, а исто така можете да се „поиграте“ со комбинирање различни нијанси за уште покреативен изглед на вашите нокти.
Во галеријата погледнете предлози кои ќе ве инспирираат!