Познато каде Дибала ќе ја продолжи кариерата!


Спасе Манев (Патувања низ Македонија): Ги откриваме скриените убавини на Македонија ↓↓↓


Пауло Дибала веќе втора сезона блеска во дресот на Јувентус каде се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во Европа.

Фудбалските експерти му предводуваат блескава иднина, а тренери како Анчелоти и Симеоне го прогласија за легитимен наследник на Лионел Меси.

Многу европски гиганти покажуваат интерес за неговиот потпис, пред се Реал Мадрид и Барселона кои се спремни да платат огромна сума за да го доведат во своте редови.

Сепак, последните информации од Апенините говорат дека Дибала веќе се договорил со Јувентус за продолжување на соработиката и наскоро ќе потпише нов договор.

Имено, Аргентинецот ќе остане верен на „старата дама“ до 2021 година, а со новиот договор ќе заработува 5,5 милиони евра по сезона.