The Grand Tour – емитувана првата епизода од Кларксон по напуштањето на Top Gear


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Првата епизода од автомобилистичката емисија The Grand Tour беше емитувана преку сервисот Amazon Prime и воедно тоа беше прво појавување на познатиот водител од светот на автомобилистичките емисии, Џереми Кларксон, откако тој ја напушти Top Gear на ВВС.

Епизодата беше емитувана преку стриминг сервисот Amazon Prime во четвртокот вечерта, а на неа се појавија бившите членови на Top Gear, Џереми Кларксон, Ричард Хемонд и Џејмс Меј. И емисијата и водителите добија пофални коментарии и реакции од публиката која долго време го очекуваше враќањето на Кларксон, но и од британските медиуми.

18-11-the-grand-tour1

Првата епизода од The Grand Tour беше снимена во пустината Мохаве, во Калифорнија, а помеѓу другото беа користени и хибридни хиперавтомобили како McLaren P1, Porsche 918 Spyder и Ferrari LaFerrari. Првата сезона се состои од 12 епизоди во времетраење од по еден час. Моментално, емисијата можат да ја гледаат само фановите во Велика Британија, САД, Германија и Јапонија, но од декември ќе се прикажува ширум светот.