Познатиот оперски пејач Пласидо Доминго заразен со коронавирус


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Светски познатиот оперски пејач Пласидо Доминго, е позитивен на коронавирус, покажале резултатите од бриз-тестот на кој бил подложен славниот оперски глас.

„Чувствувам дека е моја морална должност да ви кажам дека тестовите покажаа дека сум позитивен за КОВИД-19, коронавирусот. Моето семејство и јас сите сме во самоизолација сè додека е медицински неопходно. Во моментов сме сите во добра здравствена состојба, но имав некои симптоми, треска и кашлица, па решив да се тестирам и резултатот беше позитивен.

Барам сите да бидат исклучително внимателни, да ги следат основните упатства, честопати да ги мијат рацете, да останат подалеку од другите и да направат се што е во нивна моќ да го запрат ширењето на вирусот, а пред сè – да останете дома ако можете!

Заедно, можеме да се бориме против овој вирус и да ставиме крај на сегашната светска криза за да можеме да се вратиме во нашите секојдневни животи многу брзо. Следете ги упатствата и прописите на локалните самоуправи да останете безбедни и да се заштитите не само себе, туку целата заедница “, напиша легендарниот музичар на својот Фејсбук профил.