Почина бившото момче на Џенифер Лопез од средно школо со кого беше 10 години во врска


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившото момче на планетарно популарната латино ѕвезда Џенифер Лопез, Дејвид Круз (51), почина во саботата минатиот викенд, пренесува TMZ.

Не се познати многу информации за неговата смрт, но тој, наводно, починал од срцеви проблеми.

Круз и Лопез биле во врска скоро десет години, а врската започнала додека пејачката била релативно непозната на 15-годишна возраст. Нивната љубов, сепак, не преживеа, а Лопез денес е во врска со Алекс Родригез.

Долгогодишната партнерка на Круз, Иса, изјави за TMZ дека тој беше добар татко на нивниот син, кој сега е во редот на маринците.

„Тој беше љубезен, пријатен и отворен. Сакаше да оди во театар со мене и да гледа бејзбол. Никогаш не заборави да каже ’те сакам‘“, вели Иса.