Дополнителни временски ограничувања за излегување за лицата под 18 и над 67 години


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со новата, дополнителна временска регулатива во рамки на полицискиот час кој е воведен за сите граѓани на Македонија, постарите од 67 години ќе можат да се движат само 6 часа во денот, од 5 наутро до 11 претпладне, а младите до 18 години, само 9 часа – од 12 напладне до 21 часот.

Полицискиот час за сите граѓани важи со ново,пократко за еден час времетраење од 21 до 5 наутро. Ова се најновите рестриктивни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот во Македонија, донесени на поладневната седница на Владата, а премиерот Оливер Спасовски ги соопшти на телевизијата „ТВ24“.

Целта е да се спречи физички контакт помеѓу најстарата група граѓани кои се најризичната категорија и најмладите кои најмногу го шират вирусот.

„Ова беше предлог на комисијата. Имаме две категории на ризични граѓани – млади лица до 18 годиини и повозрасни, од 67 години нагоре, најосетливи во здравствена смисла. Младите пак, се најголеми преносители на вирусот“ – рече Спасовски.

Постарите лица од 67 години ќе можат да се движат од 5 наутро до 11 часот. За тоа време ќе можат да ги купат неопходните работи. Младите до 18 гдини ќе можат да се движат од 12 напладне до 21 часот.

„Логично, во ист момент нема да имаат контакт двете ризични категории. Според епидемиолозите, младите имаат многу лесни симптоми, дури и не препознаваат дека имаат вирус, а лесно го пренесуваат“ – рече Спасовски.

Владата соопшти уште една одлука – полицискиот час е поместен од 21 часот до 5 наутро, заради гужвите што се создадоа во јавниот превоз и заради потребата на граѓаните да стигнат на работните места во утринските часови. Новите одлуки за ограничување на движењето ќе важат од 24 март.