Познати сите детали: Милинковиќ-Савиќ на чекор од „Олд Трафорд“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Сергеј Милинковиќ-Савиќ во наредните неколку дена би требало да го напушти Лацио и да потпише за Манчестер Јунајтед.

Неговата епизода во римскиот клуб се ближи кон крајот, а денеска тоа го потврдија сите италијански медиуми кои тврдат дека играчот е на чекор до трансфер во Манчестер Јунајтед.

„Црвените Ѓаволи“ ќе платат 75 милиони евра за неговиот потпис, плус додатни 5 милиони евра преку бонуси.

Милинковиќ-Савиќ ќе потпише договор на 5 години, а годишно ќе заработува помеѓу шест и седум милиони евра.

Тој на Олд Трафорд би требало да го замени Пол Погба кој по доаѓањето на СМС најверојанто ќе го напушти „Олд Трафорд“.