Home Шоубизнис Познат датумот за премиерата на Fast And Furious 9

Познат датумот за премиерата на Fast And Furious 9

Според најновите најави од официјални профили на Твитер и Инстаграм, најновото продолжение на познатата автомобилска акциона франшиза Fast And Furious, долгоочекуваната „деветка“, премиерно ќе биде прикажано на 10 април, 2020 година.

Вин Дизел уште во 2016 година истакна за E! Online дека Fast And Furious 9 ќе биде премиерно прикажан на 19 април, 2019 година. Тој датум фановите на франшизата со нетрпение го очекуваа, за сега да се открие дека премиерата ќе биде дури во 2020 година.

Освен тоа, познат е датумот за премиерно прикажување и на десеттиот дел од овој филмски серијал, Според најавите тоа ќе се случи на 2 април, 2021 година. Но, тие датуми секогаш се земаат со резерва, поради потенцијални непредвидени ситуации.

Таква ситуација се случи кога беше одложено снимањето на Fast And Furious 7, поради смртта на славниот холивудски актер Пол Вокер, кој во франшизата го глумеше ликот на Брајан О’Конер.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …