Позитивните ефекти на медитеранската храна во превенција од рак на дојката


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Научниците во една нова студија изработена за потребите за Светскиот фонд за истражување на канцерот, тврдат дека медитеранската храна го намалува ризикот од рак на дојката за 40 отсто.

Бидејќи во медитеранската храна се конзумираат намирници богати со хранливи материи, како што се јаткасти плодови, овошје, зеленчук, риба, цели житарки и маслиново масло, таа може да го намали ризикот од мозочен удар и срцеви болести.

Оваа храна посебно е ефектна во намалување на ризикот од ЕР-негативен рак на дојка, кој обично се јавува во постменопаузата и кој не може да се лечи со помош на хормонска терапија.

Раководителката на студијата професор Пиет ван ден Бранд од Универзитетот во Маастрихт во Холандија, откри дека ризикот од рак бил намален меѓу жени кои биле на ваков вид на исхрана, а не живееле во медитеранските земји.

Во студијата се наведува исто така дека тој вид на рак на дојката обично има полоши прогнози од другите.

Во истражувањето кое траело 20 години, научниците проучувале 62.573 жени на возраст од 55 до 69 години. Внимателно се следела нивната исхрана во која внесот на црвено месо, колачи и рафинирани житарки (леб и орид) бил низок. Во медитеранската храна конзумацијата на алкохол е умерена, но сметајќи дека е познато оти алкохолот влијае на појава на рак на дојката, тој бил исклучен од студијата.

Рак на дојката добиле 3.354 жени, но 1.033 не биле вклучени во анализата, бидејќи претходно биле болни или целосно не се придржувале на планот на исхраната.

Откриено е дека конзумацијата на јаткасти плодови, па потоа и овошје и риба, посебно поволно влијаело на намалување на ризик од ЕР-негативен рак на дојка. Научниците дошле до заклучок дека таков вид на рак на дојката може да се намали за третина, за 32,4 отсто, а останатите видови за 2,3 отсто, кога сите би се одлучиле на ваков вид на прехрана.